МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Регион
Лес: Република Српска конечно треба да се одвои од БиХ

Лес: Република Српска конечно треба да се одвои од БиХ

петок, 04 јануари 2019, 11:48ч.   |   Z.H.

 Република Српска конечно треба да се одвои од Босна и Херцеговина(БиХ), смета поранешниот британски дипломат Тимоти Лес, при тоа наведувајќи две причини.

 
– Едната причина е тоа што Србите се екстремно незадоволни од заедничкиот живот, чувствуваат дека безбедноста им е загрозена под политиката на Сараево и длабоко се повредени од наметнатите одлуки, особено за време на управувањето на Педи Ешдаун, што дополнително ги одвои од БиХ. Втората причина е поради промената на меѓународното опкружување – оцени Лес.
 
Според него, последните 20 години Западот имаше надмоќ над Босна и ги држеше двете опции затворени, што значи дека босанските Срби доколку сакале да се дистанцираат од Сараево тоа не им било дозволено.
 
– Европската унија денес се соочува со пропаѓање и минимално влијание во Босна поради фактот што не планира проширување. Се намалува и интересот на САД за Балканот. Тоа создава ситуација во која босанските Срби имаат можност да ја истуркаат својата идеја за одвојување – вели Лес.
 
Тој појаснува дека ЕУ до неодамна беше „регионален полицаец“, кој таа одговорност во последната деценија ја презеде од САД.
 
– Со други зборови, ЕУ на овој регион му понуди шанса да се приклучи на таа организација доколку ги закопа националните фрустрации. Во некоја смисла тоа дури е и остварено. Претседателот (Александар) Вучиќ работи на постигнување компромис со Приштина, ги смирува босанските Срби, најмногу затоа што сака членство во ЕУ. Меѓутоа, оваа фаза од историјата сега е готова. ЕУ е во состојба на неповратен пад, па понудата за членство е повлечена. ЕУ, освен пари, има малку да му понуди на овој регион, па со тоа нема ниту авторитет – вели Лес.
 
Тој додава дека во врска со тоа постои ризик од конфликти, „особено во Босна, каде што емоциите се многу интензивни“. Не верува дека промената на границата на едно место „ќе повлече нога“ за останатите земји.
 
– Во спротивно, во 2008 година Република Српска ќе прогласеше независност, откако тоа го стори Косово – истакна поранешниот британски дипломат.
 
Тој се осврна и на актуелната состојба во ЕУ за која вели дека „наликува на последните денови на Југославија, каде што секој можеше да види дека постои проблем и дека на таа земја и е потребна реформа, но дека никој со никого не можеше да се согласи како да се реформира државата“.

© ЖУРНАЛ    ~87,31

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.