МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Регион
Крвав инцидент во Сараево: Маж нападнал девојка, па добил ќотек од ММА борец

Крвав инцидент во Сараево: Маж нападнал девојка, па добил ќотек од ММА борец

петок, 04 јануари 2019, 10:48ч.   |   Z.H.

 Сараевските медиуми објавија снимка од крвав инцидент што се случил пред ноќен клуб кога маж нападнал девојка, а потоа добил ќотек од ММА борец.

 
Надзорната камера пред еден ноќен клуб во Сараево во неделата снимила една девојка како го напушта објектот, а по неа како излегува маж. Кога ја стигнал, тој ја повлекол за коса и почнал да ја тепа. По кусо време се гледа како излегува и сопственикот на клубот, Денис Стојниќ, кој е најпознат ММА борец во Босна и Херцеговина. Тој со брза реакција го оттргнал напаѓачот од девојката и со неколку удари го совладал.
 
Стојниќ рекол дека реагирал затоа што не можел да гледа насилство над девојка, а особено не пред својот објект, порачувајќи дека сака сите да се чувствуваат безбедно.
 
„Кога видов на една од камерите од видео надзорот дека огромен маж дури и физички поголем од мене удира женско лице со тупаница во глава веднаш истрчав и реагирав за да ја заштитам девојката од насилникот. Го совладав и на крајот ја испративме девојката до такси. Таа не сакаше да го пријави случајот во полиција. За жал во нашата земја насилството над жените е сè позастапено, а моја должност како човек, како граѓанин, па на крај како сопственик на објектот, е сите во мојот клуб да се чувствуваат сигурно, а особено жените затоа што тие се нечии деца, сестри, мајки и се послаб и понежен пол“, рекол Стојниќ за „Кликс.ба“

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.