МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани ..
Свет
Ирска ќе бара помош од ЕУ во случај на брегзит без договор

Ирска ќе бара помош од ЕУ во случај на брегзит без договор

петок, 04 јануари 2019, 13:44ч.   |   Z.H.

 Ирска ќе побара од Европската Унија помош од неколку милиони евра во случај Велика Британија да ја напушти Унијата без договор, изјави ирскиот министер за земјоделство, Мајкл Крид.

 
„Во прашање се неколку стотини милиони евра“, рече Крид и додаде дека итната помош се однесува на индустријата со говедско месо, млечните производи и риболовот – сектори кои би можеле да бидат најпогодени во случај на брегзит без договор.
 
Околу 80 отсто од ирските извозници ги продаваат своите производи во Велика Британија.
 
„Многу сме свесни за зависноста на Ирска од британскиот пазар за прехрамбена индустрија. Никој за тоа уште не сака да зборува, но и понатаму постои надеж дека разумот ќе преовлада“, изјави Крид.
 
Британскиот парламент до 21 јануари би требало да гласа за договорот што Лондон и Брисел го постигнаа кон крајот на ноември, во однос на условите за брегзитот. Велика Британија официјално излегува од ЕУ на 29 март, но уште трае неизвесноста дали брегзитот ќе биде со или без договор поради несогласувањата на британските пратеници.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.