МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Спорт
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед

Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед

четврток, 03 јануари 2019, 09:32ч.   |   Xh.I.

Оле Гунар Солскјер стана само вториот менаџер кој стартувал со четири победи како менаџер на Манчестер Јунајтед, израмнувајќи го историскиот рекорд на Мет Базби од далечната 1946 година.

Победата од 0:2 н а гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ му донесе максимални 12 бода на Манчестер Јунајтед на првите четири мечла под водство на Норвежанецот, а на мечот со Њукасл, како клучна се покажа измената која ја направи Солскјер. Менаџерот му даде шанса на Ромелу Лукаку, а неполна минута по влегувањето во игра, Белгиецот погоди за 0:1 по лошата интервенција на домашниот голман Дубравка.

По крајот на мечот, Солксјер не сакаше да ги собере заслугите за тајмингот на измената, а воодушеви и со изјавата која ја даде за рекордот на Базби.

– Лукаку влезе во игра и веднаш си ја заврши работата. Тоа нема ништо со менаџерот, знаеме дека сите играчи можат да бидат важни за тимот, – порача Солскјер, а потоа додаде.

– Рекордот ќе биде запишан во книгите, но јас воопшто не мислам на тоа. Јас само мислам на следниот меч, бидејќи победите на четири натпревари во низа значат дека можеме да победиме уште на четири. Таква е филозофијата на овој клуб, тоа е нашиот предизвик, тоа е стандардите на кои сме навикнати уште од дамна, – заклучи менаџерот.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед
Челзи објави рекордно зголемување на приходите
Покетино го критикуваше газдата на Тотнем: Ако сакаме трофеи, мора да се промениме!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.