МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Колумни

четврток, 03 јануари 2019, 12:18ч.   |   Xh.I.

 

Од Диана Младеновска

Она на што актуелната владејачка гарнитура еуфорично дојава на власт, тврдењето дека нејзините претходници биле длабоко инволвирани во криминални и коруптивни дејства, пцовисува како стара маска, бидејќи „реформираното“ и „деполитизирано“ правосудство, засилено со таканареченото специјално јавно обвинителство, во основа, не успева да ги потврди и да ги оправда тешките обвинувања. Со тоа, ниту на половината од мандатот на актуелната власт не е постигната ветуваната правна разврска на долгогодишната политичка криза и не е расчистен теренот од стотиците неактивирани, но и од остатоците од бомбите што едно време речиси секојдневно експлодираа во штабот на Бихаќска. Тешките обвиненија за тероризам по крвавите настани во Собранието, пак, премногу лесно се претопија во пратенички гласови за двотретинско мнозинство потребно за да се истуркаат уставните измени. Дали ние нешто погрешно сме разбрале од бомбите и од настаните во Собранието на 27 април? Или судството не било реформирано и деполитизирано? А СЈО не успеало да се издигне до нивото неопходно за остварување на неговата првично декларирана задача? Или од сето тоа по нешто?

Како и да е, веќе и на оние на кои досега ништо не им беше јасно, деновиве, на преминот од една во друга година, со измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делата поврзани со злоупотребите при јавните набавки, Законот за амнестија и со замената на мерката притвор со домашен притвор за групата звучни имиња што најмногу се поврзуваа со споменатите случувања, нештата им се разјаснија, или барем им станаа појасни. Една од констатациите што со сигурност може да се извлече по сето ова е дека ерата на политиката на неказнивост на сторителите на тешки кривични дела, разни изнудени аболиции и амнестии, спроведувањето селективна правда, произволните квалификации на кривичните дела, одолжувањата со истрагите и со судските процеси, нереализираните екстрадиции на обвинетите што избегаа во странство, толерирањето на осомничените, обвинетите и на веќе осудените лица во врвот на јавниот и политичкиот живот, со објаснувања како што се потребата од почитувањето на принципот на претпоставената невиност или од нивното повторно интегрирање во општеството…, продолжува. Ги има уште, но и веќе наброените се доволни барем приближно да се лоцира проблемот и да се види оти сѐ уште многу сме далеку не само од реализација туку и од самата идеја за правна држава и за владеење на правото.

Не знам што ќе каже Европската комисија за сето ова, но реакциите на домашната јавност што деновиве успеаја да се пробијат дури и низ атмосферата на новогодишната еуфорија, воопшто не смее да бидат потценувани. Ниту од страна на власта ниту од страна на опозицијата. Особено не во периодот кога следуваат избори.

    Ниту на половината од мандатот на актуелната власт не е постигната ветуваната правна разврска на долгогодишната политичка криза и не е расчистен теренот од стотиците неактивирани, но и од остатоците од бомбите што едно време речиси секојдневно експлодираа во штабот на Бихаќска. Тешките обвиненија за тероризам по крвавите настани во Собранието, пак, премногу лесно се претопија во пратенички гласови за двотретинско мнозинство потребно за да се истуркаат уставните измени. Дали ние нешто погрешно сме разбрале од бомбите и од настаните во Собранието на 27 април? Или судството не било реформирано и деполитизирано? А СЈО не успеало да се издигне до нивото неопходно за остварување на неговата првично декларирана задача? Или од сето тоа по нешто?

Недоволниот одзив на септемврискиот референдум како воопшто да не ја освести власта, која очигледно не ја разбра пораката дека добар дел од јавноста е револтиран поради нереализираните ветувања. Кај опозицијата, пак, ја зацврсти илузијата дека таа сѐ уште во голема мера може да влијае врз волјата на народот. А вистината, како и секогаш, е некаде на средината, на улиците, каде што сѐ почесто може да се слушне оти луѓето веќе нема да одат на гласање зашто ја изгубија вербата и во самата идеја за изградба на правната држава и веќе сосема јасно на неа гледаат како на форма исполнета со мешавина на власта и моќта целосно ослободена од законските стеги и олицетворена во неколку категории недопирливи луѓе, но и во длабоко вкоренетата свест дека таквиот статус треба да важи само за „избраните“, додека на другите треба да им се суди. Пред извесно време, на оваа страница објавив коментар насловен „Ѓаволот носи правда“, развојот на настаните го оправда насловот, но и покажа дека ѓаволот веќе ја однесе правдата.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Заедничкиот кандидат само на хартија
Врвни превари!
НАТО
Македонските политичари и Бил Гејтс
Умните наспроти мнозинството
Мојот фаворит е Стево
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.