МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори

Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори

четврток, 03 јануари 2019, 11:29ч.   |   Xh.I.

Постигнувањето на Преспанскиот договор ја одбележа 2018 година и направи голем исчекор кон стретешките цели на Македонија. Можевме да имаме подобар договор пред 10 или 15 години, но во дадените околности сметам дека нашиот преговарачки тим извлече максимум, смета поранешниот премиер, Владо Бучковски.

Според него бегството на Никола Груевски е клучен настан по 19-ти октомври, кога Собранието со двотретинско мнозинство изгласа отворање на Уставот.

-Бегството на Груевски создаде тензична атмосфера во правосудството каде што некои од осомничените од СЈО, а кои изминатиов период имаа примерно поведение, стануваат колатерална штета и условно речено дополнително страдаат. Контроверзиите околу законот за амнестија можат да бидат тема на симпозиуми каде ќе ги анализираат правници, но од друга страна како политичар и човек кој гради имиџ на државник кој може да ги носи тешките одлики, а тоа е одлика на Заев изминава година, мислам дека е свесен дека за ова ќе плати политичка цена. Но тоа е единствениот начин да ги обезбеди оние три пратеника кои се осомничени за 27 април. Станува јасно дека прагматизмот во овие моменти оди пред принципите на владеење на правото. Комплицирана ситуација, но ова е единственото можно решение – изјави Бучковски во интервју за „Канал 5“.

Тој прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка. Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија  – вели тој.

© ЖУРНАЛ    ~130,44

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.