МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Култура
За наградата „Роман на годината 2018“ конкурираат 36 романи

За наградата „Роман на годината 2018“ конкурираат 36 романи

четврток, 31 јануари 2019, 11:27ч.   |   L.E.

 Триесет и шест романи се пријавени на 20-тиот конкурс за наградата „Роман на годината 2018“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Според жирито, во состав: Фросина Пармаковска – претседателка на жирито и минатогодишна лауреатка на наградата, Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, романескната продукција годинава се одликува не само по обем, туку и по квалитет.

Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март до кога жирито ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.

Во конкуренција за „Роман на годината 2018“ се пријавени:

„Девици и волци“, Александар Алексов, самостојно издание
„Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“
„Пеколот од детството“, Атанас Бојаровски, самостојно издание
„Втор откос“, Дејан Величковски, „ПНВ Публикации“
„Тажна приказна за среќни луѓе“, Андреј Волкашин, „Антолог“
„Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“
„Глобалните ѕвезди на небото“, Јован Дамјановски, „Напредок“ – Тетово
„Благослов или проклетство“, Јован Дамјановски, „Меѓународен центар за славјанска просвета“ – Свети Николe
„Пинокио и вештерката“, Наташа Димитриевскa, „Или-или“
„Карангел Бруснички“, Илко Димитриески, самостојно издание
„Разголена душа“, Марта Димитров, „Ѓурѓа“
„Златниот часовник што го запре времето“, Константин Дораковски, „Кондор“
„Барутни облаци“, Бранислав Ѓорѓевски, „Академски печат“
„Суденик“, Гојко Ефтоски, „Фи-Га“ – Тетово
„Лидија, или се што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание
„Заробеник во сопствениот живот“, Катарина Јовчевска,„Академски печат“
„Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“
„Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или -или“
„Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или -или“
„Неизгубливи нешта“, Никола Кочовски, „Култура“
„Еретички писма“, Стефан Марковски, „Три“
„Сага за тројство“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“
„Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“
„Последниот воз за Загреб“, Владимир Попов, „Култура“
„Небото над реката Чарлс“, Катерина Серафимовска, „Култура“
„Марика и стравот“, Емилија Славковска, „Македоника литера“
„Ирис на фортуната“, Цвета Спасикова, „Дата песнопој“- Битола
„Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или – или“
„Овде или во вечноста“?, Билјана Tинтоска, „Матица македонска“
„Души близнаци 11:11“, Весна Здравковска Трајковска, самостојно издание
„До дваесеттата“, Добре Тодоровски, „Матица“
„Бојана на Тодор“, Божана Тренческа, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип
„Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“
„Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
„101 живот“, Весна Мојсова-Чепишевска, Елена Атанасиу, „Матица македонска“
„Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“
Фондацијата информира дека од утре извадоци од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk.

MИА

© ЖУРНАЛ    ~29,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.