МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Технологија
Sony Xperia XZ4 ќе доаѓа со три задни камери и 52 мегапикселен сензор!

Sony Xperia XZ4 ќе доаѓа со три задни камери и 52 мегапикселен сензор!

четврток, 31 јануари 2019, 11:23ч.   |   L.E.

Во последно време, модерните смартфони доаѓаат со повеќе од две камери на задната страна, додека досега, Sony остана лојален на системот камери од само една задна и една селфи. Но, со Sony Xperia XZ4 изгледа дека работите ќе се променат..


До денес, никакви информации за камерите на Xperia XZ4 не беа познати. Но, благодарение на новите фотографии, можеме да забележиме дека уредот ќе има три камери на задната страна, чии спецификации се сега познати.

The Sony Xperia XZ4 could include some pretty impressive cameras

Додека Xperia XZ3 има само една камера од 13 мегапиксели, Xperia XZ4 ќе доаѓа со значително подобрен сензор од 52 мегапиксели. Слично како Huawei, ова ќе и овозможи на компанијата да спои четири пиксели во еден, што ќе придонесе за подобар квалитет на фотографиите. Како и кај останатите смартфони, главниот сензор ќе биде придружен од телефото камера, најверојатно од 16 мегапиксели. Кај третата камера, станува збор за 0.3 мегапикселен Time-of-Flight сензор. Ова не звучи како многу, но веројатно ќе помогне при истакнувањето детали на сликите.

Покрај камерите, Xperia XZ4 ќе доаѓа со 6.5 инчен 21:9 дисплеј, Snapdragon 855, 6GB RAM и 128GB меморија.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа
Samsung Galaxy Note10 би можел да има полнење побрзо од 25W
Huawei Mate 30 Pro
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.