МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани ..
Xроника
Обезбедувач во скопско кафуле со пиштол им се заканувал на гости

Обезбедувач во скопско кафуле со пиштол им се заканувал на гости

четврток, 03 јануари 2019, 10:05ч.   |   Z.H.

 Вчера во раните утрински часови во угостителски објект во Скопје дошло до расправија помеѓу неколку лица, а во еден момент лице кое било вработено како обезбедување на рестораното извадило пиштол и упатувал навреди кон гостите со кои претходно имале вербална расправија, соопштија од полицијата.

Како што информираат од МВР на 01 јануари во 07 часот и 30 минути во СВР-Скопје 19-годишно момче од Скопје пријавило дека истиот ден околу три часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари во еден момент дошло до недоразбирање со менаџерот на угостителскиот објект околу подмирување на сметката.
 
Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент 50- годишниот скопјанец Д.А., лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди, додаваат од МВР.
 
По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

© ЖУРНАЛ    ~88,30

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Нови детали за смртта на девојката во скопско Волково
Излетал од патот, удрил во дрво, па во паркирани автомобили среде центарот на Скопје- три лица се повредени
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
Бомба во „Мавровка“, оштетени локали
Прегазено девојче кај „Џамбо“
Шестнаесет годишно девојче на сила било внесено во автомобил
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.