МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Регион
Меѓусебни обвинувања на Чавушоглу и Каменос

Меѓусебни обвинувања на Чавушоглу и Каменос

четврток, 03 јануари 2019, 12:00ч.   |   Z.H.

 Меѓусебни обвинувања и пораки си упатија шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос.

 
Министерот за надворешни работи на Турција наведе дека поради Каменос, кој го окарактеризира како „разгалено дете“, може да се случи несреќа во Егејско Море, на што одговори министерот за одбрана на Грција, порачувајќи му Чавушоглу, дека „никој веќе не им се плаши“, јави дописничката на МИА од Атина.
 
– Ја предупредуваме Грција. Имате едно разгалено дете, министерот за одбрана. Велат, тој е нашето разгалено дете. Контролирајте го вашето разгалено дете за да не се предизвика некоја несреќа со вмешаност на нашите безбедносни сили. Ова во реалноста е едно пријателски предупредување, изјавил Чавушоглу, според грчките медиуми, за време на обраќањето пред питомците на академијата за гранични војници.
 
На тоа, преку неговиот официјален Твитер профил одговори министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос.
 
– Господине Чавушоглу, ви благодарам за вашите новогодишни заканувачки изјави. Тоа е подарок дека добро си ја работам мојата работа. Грција ќе продолжи со оваа работа, стремејќи се кон мир, бранејќи го нејзиниот суверенитет и градејќи силни сојузништва. Веќе никој не ви се плаши, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.
 
Извори од грчкото МНР, коментирајќи ја изјавата на Чавушоглу, за „Катимерини“ истакнаа дека „личните навредливи карактеристики што се однесуваат на министерот за одбрана, единствено што демонстрираат е недостиг на правни аргументи на турската страна, која продолжува да ја поткопува стабилноста и безбедноста и останува на маргините на меѓународното право“.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
Ученик го мава професорот со шише на час во црногорско училиште
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.