МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Свет
Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

среда, 30 јануари 2019, 15:47ч.   |   Z.H.

 Нови правила за имотот на брачни двојки или регистрирани партнерства на луѓе од различни држави стапуваат на сила од денска во 18 земји членки на ЕУ.

 
Според соопштението на Европската комисија, со мерката ќе бидат опфатени 18 земји – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Шпанија и Шведска.
 
Со новите регулативи се пропишуваат јасни правила при развод или смрт, а целта е да се стави крај на паралелни и спротивставени постапки во различни држави од ЕУ, кои се поврзани на пример со имот или банкарски сметки. Правилата разјаснуваат кој национален суд е надлежен да им помогне на двојките при управувањето на нивниот имот или со неговата поделба при развод, разделба или смрт.
 
Новите правила објаснуваат кое национално право има предност доколку се применуваат правилата на неколку земји. Ќе биде олеснета признавањето и извршувањето во една држава од ЕУ на судска одлука по имотните прашања, донесена во друга земја од Унијата.
 
Земјите од ЕУ, кои не учествуваат во спроведувањето на новите правила, можат да се приклучат на овој договор во било кое време. Дотогаш тие ќе продолжат да ги применуваат своите национални законодавства при прекугранични случаи поврзани со имотот на сопружниците и регистрирани партнери, се наведува во соопштението

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.