МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Економија
ДЗС: Индустриското производство лани со раст од 5,4 отсто

ДЗС: Индустриското производство лани со раст од 5,4 отсто

среда, 30 јануари 2019, 16:27ч.   |   L.E.

Скопје, 30 јануари- Индустриското производство во текот на 2018 година забележа раст од 5,4 отсто во однос на претходната година. Индустриското производство забележа раст и на месечно ниво. Во декември 2018 во однос на декември 2017 година има раст од 7,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20 отсто.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај енергија за 23,9 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 отсто, капитални производи за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.