МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Економија
Скока цената на државните обврзници

Скока цената на државните обврзници

среда, 30 јануари 2019, 12:57ч.   |   L.E.

 Инвеститорите покажуваат заинтересираност за македонските државни обврзници откако се заокружи процесот на ратификација на договорот од Преспа во двата парламента.

Грција, пак, поради истата причина првпат ќе продава обврзници по завршувањето на меѓународната програма за финансиска помош. Овие два елемента покажуваат дека на двете држави им се праќаат сигнали дека со скорашниот развој на настаните, тие ќе ги почувствуваат ефектите од ратификацијата на Преспанскиот договор.

Имено, светските специјализирани медиуми забележуваат дека македонските владини обврзници достигнаа највисоко ниво во последните неколку месеци, со пораст од 3,5 центи во цената во последните десет дена.

– Македонија е кредит што се движи во вистинската насока. По спогодбата, можеме да го видиме приклучувањето на државата во НАТО, а набргу ќе биде и кандидат за ЕУ – вели Марк Даудинг, виш портфолио-менаџер во фондот вреден 59 милијарди долари, „Блубеј асет менаџмент“.

Грција, пак, планира да ја почне продажбата на петгодишни обврзници во вредност од две милијарди евра, откако назначи банки за изведување на зделката. Продажбата на обврзниците ќе ѝ овозможи на Грција земање нови заеми, за откуп на долговите кон ММФ, како и за создавање фонд за покривање на долговите.

 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.