МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Технологија
Самсунг галакси С10+ доаѓа во верзија со 12 гигабајти РАМ меморија

Самсунг галакси С10+ доаѓа во верзија со 12 гигабајти РАМ меморија

среда, 30 јануари 2019, 12:51ч.   |   L.E.

 На интернет се појавија нови интересни информации, што наводно ги потврдил експерт од „Самсунг“, кој работел на прототпип за моделот „галакси с10“.

Како што објави „ГСМ арена“, веќе е јасно дека „с10“ ќе биде достапен во три големини и дека моделот со 5,8-инчен екран ќе го носи називот „лајт“.

Најмалиот „галакси с10“ ќе има чипсет и меморија како и другите модели од линијата. Исклучок ќе биде премиум-верзијата „галакси с10+“, која ќе има 12 гигабајти РАМ-меморија и 1 терабајт простор за складирање.

Моделот „с10+“ со 6,4-инчен екран ќе има три камери на задната страна и две напред, а другите модели ќе имаат една предна камера.

„Галакси с10“ со 6,1-инчен екран исто така ќе има три камери на задната страна, а најмалиот „с10“ ќе има два објектива.

Што се однесува до надворешниот изглед, уредот ќе има стандардна црна верзија, потоа бела (Pearl) и зелена (Sea Green). Можно е некои од моделите да бидат достапни во уште некоја боја, како, на пример, сина или жолта.

Сите три модели на „самсунг галакси с10“ ќе имаат One UI софтвер и стандарден 3,5-милиметарски приклучок за слушалки.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.