МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
Се очекува поларен студ и снег

Се очекува поларен студ и снег

среда, 02 јануари 2019, 09:40ч.   |   Xh.I.

Во текот на денешниов ден се очекува голема промена на времето што ќе започне попладнево. Македонија ќе биде зафатена од студен и влажен бран, при што во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.

Според УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Прогноза за 04.01.2019
Променливо облачно и студено, во источните делови со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: -9°C до -3°C
Максимална температура: -7°C до 0°C

Прогноза за 05.01.2019
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минимална температура: -14°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 1°C

Прогноза за 06.01.2019
Променливо облачно, во северните делови со слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -3°C до 6°C
 

© ЖУРНАЛ    ~114,40

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.