МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Економија
Истекува рокот за апликации за ИПАРД програмата

Истекува рокот за апликации за ИПАРД програмата

вторник, 29 јануари 2019, 12:39ч.   |   L.E.

Скопје, 29 јануари- Рокот за доставување апликации на јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД Програмата која се однесува за инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи истекува денеска.

Со повикот им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема. Педесет отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014- 2020, а 25 отсто од државниот Буџет.

Со Мерка 3 од ИПАРД Програмата на располагање се 13,2 милиони евра. Таа се однесува на преработувачки капацитети за млеко, млечни производи, месо и производи од месо вклучително и јајца и живина, овошје, житарици, мелнички продукти, вино и шира. Дополнително, финансиската поддршка се зголемува за 10 отсто доколку се работи за инвестиции во згради или опрема чија намена е да се подобри енергетската ефикасност.

Земјоделските стопанства имаат уште 10 дена за подготовка на апликации за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Рокот за доставување апликации за оваа мерка завршува на 9 февруари

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.