МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
Извештај на ММФ за Македонија: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

Извештај на ММФ за Македонија: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

вторник, 29 јануари 2019, 12:38ч.   |   L.E.

 Извештајот за Република Македонија за 2018 година што го објави денес извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставува финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година во рамките на мисијата, соопшти НБРМ.

Во извештајот поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарното релаксирање во текот на минатата година како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период.

ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и дека банките се висококапитализирани, ликвидни и профитабилни. Во извештајот се посочува дека учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и дека постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик, но и дека ризиците сепак треба и натаму внимателно да се следат. Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во извештајот се посочени и повеќе конструктивни препораки за натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност, кои беа утврдени во рамките на програмата за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија, која заврши неодамна.

Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјата да забрза на 2,8 проценти во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност, и на 3,4 отсто на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и почнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.