МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Економија
Град Скопје издвои финансии за уредување на пештерата Убава и за пешачките патеки во кањонот Матка

Град Скопје издвои финансии за уредување на пештерата Убава и за пешачките патеки во кањонот Матка

понеделник, 28 јануари 2019, 16:50ч.   |   L.E.

Вкупно 3,4 милиони денари Град Скопје предвиде во Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во македонската метропола за 2019 година, а се однесуваат на проекти во насока на развој и ревитализација на туристичко-рекреативниот центар Матка.

 

Најмногу пари, или вкупно 1,1 милиони денари се планирани за продолжување на проектот за уредување на пештерата Убава, во кањонот Матка.

– Реализацијата на овој проект е во тек, односно започната е во 2018 година, но поради природата на работата, тешката пристапност до пештерата и слично, сеуште трае и се очекува да заврши во мај 2019 година – се вели во Програмата.

Пештерата Убава се наоѓа на околу 100 метри над езерото, односно на 75 метри висинска разлика од спелеолошкиот објект Врело. Таа е една од трите поголеми пештери во спелеолошкиот парк Матка, па поради атрактивноста на карстните форми се уредува за рекреативни туристички посети. Во Матка има и десетина пештери, со различна големина и старост, со должина од 20 до 176 метри и две пропасти со длабочина до 35 метри. Најпознати три пештери на Матка се Врело, Крштена и Убава, кои се блиску една до друга и имаат слична должина.

Гардијан во 2016 година го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање. Во таа насока се и еденте милион денари се наменети за санација на постоечката патека од пештерата Врело до пештерата Убава со цел да се овозможи непречен пристап до пештерите.

– Во насока на развој и ревитализација на туристичко-рекреативниот центар Матка и промоција на спелеолошкиот парк во кањонот, беше реконструирана пешачката патека која ги поврзува пештерите Врело и Убава. Поради одржување, афирмација и развој на спелеолошкиот туризам, како и на целокупниот биодиверзитет во овој регион, предвидено е да се санира патеката, со што би се овозможил непречен пристап до пештерите – велат од Град Скопје.

Предвидени се и 600.000 денари за санација на постоечката патека од манастирот Св.Андреа (од клинот) до Висок Рид, спроти пештерата Врело во должина од 3,8 километри. Овој манастир Владата во април минатата година го прогласи за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. На патеката ќе се изврши санација, односно треба да се исчисти од грмушки, растенија, гранки кои го попречуваат слободното движење по неа по целата нејзина должина и да се обнови урбаната опрема, која се состоеше од клупи за одмори на пешаците и корпи за отпадоци.

Од езерото водата се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Езерото е порибено и често пати се користи и за спортски риболов. Токму за оваа намена во Програмата се предвидени 700.000 денари за порибување со пастрмка на езерото Матка, но и на реките Вардар и Треска

– Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св. Петка и Козјак. Исто така, проектот допридонесува кон заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам – се предвидува со Програмата.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.