МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
Скопје ќе добие 35 екоавтобуси до крајот на годината

Скопје ќе добие 35 екоавтобуси до крајот на годината

понеделник, 28 јануари 2019, 12:45ч.   |   L.E.

Скопје, 28 јануари- Низ скопските улици до крајот на годинава треба да почнат да сообраќаат новите 35. екоавтобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за кои денеска почна постапката за набавка со потпишување Договор за заем од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Ќе се набават нископодни, зглобни и моно автобуси, на компримиран гас, кои треба да ги намалат емисите на јаглерод диоксид за најмалку 15 проценти. Во проектот, со сопствени средства во износ од 1,8 милиони евра, учествува ЈСП.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по потпишувањето на Договорот најави дека со првата набавка на нови автобуси во ЈСП по седум години целосно ќе се замени застарениот возен парк на ова претпријатие.

– Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа година по скопските улици ќе може да се видат новите екоавтобуси кои ќе бидат на еколошко гориво на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на мотори, што значително ќе придонесе за намалување на загадувањето, имајќи во предвид дека со оваа набавка ќе можеме во целост да го замениме застарениот дел од возниот парк на ЈСП, рече Шилегов.

Две третини од планираните нови автобуси ќе бидат зглобни, а останатите стандардни. Одлуката за типот на автобусите е донесена врз основа на податоците од извршените тестирања во текот на минатата година кои покажале дека овие возила се и еколошки и енергетски ефикасни и економски многу исплатливи.

– Речиси и да не го загадуваат воздухот затоа што загадуваат само 10 проценти од тоа што го прават сега дизел моторите во ЈСП „Скопје“. Потрошувачката ќе биде серозно намалена и се релативно евтини за одржување. Нашите очекувања се дека една година по истекот на грантот ќе имаме направено исплата на автобусите со заштедите што ќе ги направиме во работењето на ЈСП, најави Шилегов.

Според директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, новите автобуси ќе овозможат побрз и поефикасен превоз вои главниот град и ќе придонесат за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.

– На улиците ќе се вратат зглобните автобуси, кои имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните, овозможуваат побрз проток на патниците низ возилото што влијае на скратување на времето потребно за задржување на постојките, што ќе овозможи и зголемување на фрекфенцијата на возилата. Во новите автобуси, ќе има можност и за валидација на најмалку две места во возилото. Сето ова, автоматски на граѓаните ќе им овозможи побрзо да стасуваат до крајните дестинации, отколку сега возејќи се со кинеските автобуси, рече Чушков.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, заемот од 10 милиони евра од ЕБОР за кој гарантира државата е под исклучително поволни услови со каматна стапка од еуролибор плус 1 процент, рок на отплата од 10 години и грејс-период од три години. – Инвестицијата во набавката на автобусите за која гарантира државата ја отсликува определбата на Владата за поддршка на реални и фискално ефикасни проекти. Со нив се придонесува за подобрување на животот на граѓаните, не се голи бројки на хартија и фасади, туку инвестиција која ќе подобри конкретна состојба во општеството. Нископодните автобуси на гас ќе имаат значително помали емисии на јаглерод диоксид во однос на постојните дизел автобуси, што ќе придонесе за намалување на загадувањето, рече Тевдовски.

Заменик директорот на Европската банка за обнова и развој за општинска и еколошка инфраструктура Лин О Брајан потенцираше дека со заемот ќе се подобри и модернизира работењето на автобусите, ќе се зајакне јавниот транспорт и ќе се подобри квалитетот на воздухот. Град Скопје од ЕБОР ќе добие и стручна помош за набавката и целосна реоргаинизација на финансиските перформанси на ЈСП и на превозот на патници во Скопје, како подготовка на Акцискиот план за зелен град. Скопје е еден од 20-те градови вклучени во Акциски план за зелени градови до 2020 година.

Целта на новата стратегија на јавниот транспорт што ќе се работи, според Шилегов, е тој вид превоз да биде значително поевтин. – Град Скопје секоја година со девет милиони евра го субвенционира јавниот транспорт. Секоја заштеда која можеме да ја направуиме оди на конто на буџетот на Град Скопје, без притоа да ги оптоваруваме граѓаните со зголемување на цената на билетите. Нашата цел е да направиме рационализација на системот на транспортот како би се намалил притисокот врз Буџетот на град Скопје, а тие средства да се наменат за други потреби за граѓаните, наведе Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања.

Долгорочно, со стратегијата за развој на Скопје се планира сегашната пруга која е надвор од градот да стане градска пруга. – Фантастично исплатлива работа, ќе овозможиме две кичми на јавен транспорт на градот. Едната е најавената трамвајска линија од Ново Лисеичле до Ѓорче Петров, а втората од Драчево до Ѓорче Петров. Јавниот транспорт на пруга, односно на шина, е иднинатата на Скопје на која сериозно работиме во изминатата година, рече Шилегов.

ЕБОР досега има инвестирано 1,831 милијарди евра во 113 проекти во македонската економија од кои најголем дел се во секторот инфратсруктура.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.