МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Економија
Челичната индустрија ќе трпи загуби од 150 до 160 милиони годишно

Челичната индустрија ќе трпи загуби од 150 до 160 милиони годишно

недела, 27 јануари 2019, 10:37ч.   |   L.E.

Челичната индустрија во наредната три години ќе работи со неизвесност од воведените квоти за увоз во Европската унија. Алтернатива за овој пазар нема каде би се пренасочил пласманот на производите, но затворање на фабриките и отпуштања нема да има. Ќе работат со зголемени фиксни трошоци, намалена конкуреност на производот, но и неможност на договарања на долг рок. Загубите годишно се проценуваат на 150-160 милиони евра.

 

Мерките ја погодуваат целата челична индустрија.Таква ситуација сме немале од поодамна. Тоа значи дека сите челични производи, со исклучок на бетонското железо од „Дојран стил“, се погодени со овие ограничувања – цевките и профилите, топловаланите и ладноваланите лимови, поцинкуваните лимови. И сето тоа кај оваа индустриска структура внесува голема ззгриженост бидејќи по една добра година како 2018 кога првпат почувствуваме стабилизирање на пазарот и малку понормални пазарни текови повторно ќе се соочиме со ограничувања што оваа ситуација ќе ја направат прилично неизвесна во наредните три години“, рече Митко Кочовски претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Тој потеницира дека откако дефинитивно се објавија мерките на 15 јануари, челичната индустрија сега веќе знае што ја чека при извозот на оваа индустрија на европските пазари. Ограничувањата, оценува, ќе имаат сериозни реперкусии врз работењето на фирмите, во смисла на количини, низвестости во склучување комерцијални договори на долг рок, зголемени трошоци, низвесности во односи со преговарање со банките и размислување околу запирање одредени инвестициски активности.

Во Македонија со мерките ќе бидат опфатени Фабриката ИГМ Кавадарци, Фабриката за цевки во Куманово, Металопромет од Струмица, Макстил, Арчелор митал. Кај сите доминантен пазар е ЕУ каде извезуваат повеќе од половина од производството и алтернатива немаат.

Кочовски појаснува дека во делот на цевки и профили се опфатени три субјети ИГМ Кавадарци, Фабриката за цевки во Куманово и Металопромет од Струмица за кои со обезбедената квота им се намалува увозот во ЕУ за 70 илјади тони или 45 милиони евра помалку приходи годишно.

Покрај проценетите загуби од 135 милиони евра, кај оваа група дополнителен проблем се и антидампишки истраги што се водат против трите производители кај нас и треба да завршат до крајот на првото полугодие.

Според него на овие производители им стојат на располагање зголемување на националната квота во четвртиот квартал за пет проценти, што нема да промени многу битно бидејќи пет проценти се 5.000 тони. Другата можност е барање од глобалната квота во четвртиот квартал ако се потроши националната квота, но мала е веројатноста дека ако се потроши националната да остане простор кај глобалната квота.

Заради намалено производство од 70 илјади тони годишно, оценува, би би имале зголемување на фиксните трошоци по единица производ што исто така, ќе претставува сериозен удар на нивните производи при пласманот.

Маја Шапковска, управител на „Металопромет“ – Струмица вели дека квотите за трите компании се многу мали бидејќи се направени врз основа на просекот од 2015, 2016 и 2017 година и оти е многу мал во споредба со она што може да го направат тие. Решение гледа можеби во поделба на квотата тука во Македонија.

„Квотите за извоз на челик во ЕУ негативно ни се одразуваат на работењето и тоа ретроактивно уште од април лани кога се воведоа привремени квоти, кои траат 200 денови и треба да завршат на 3 февруари. Тогаш почнуваат новите квоти. Тие се многу мали за три компании од Македонија: „Металопромет“-Струмица, „ИГМ“-Кавадарци и „11 Октомври“-Куманово, бидејќи се направени врз основа на просекот за извоз што сме го имале трите компании за период од 2015 со 2017 година со предвиден раст од само пет проценти, а не се зема предвид дека оваа индустрија само во 2018 година имала 40 отсто раст на извозот. Затоа, овој просек е многу мал во споредба со тоа што можеме да го направиме трите компании, посебно ИГМ“, вели Маја Шапковска, управител на Компанијата „Металопромет“ од Струмица.

Додава дека голем проблем за македонските извозници на челик и производите од овој метал е токму нелојалната конкуренција, која ја имаат во компанијата „ИГМ“, бидејќи таа има фирма во Словенија и на тој начин може побргу да ја исполнува квотата за извоз во ЕУ.

„На финански план ни се одразува со тоа што нашите клиенти не сакаат да нарачуваат, бидејќи не знаат камионот кога ќе стаса на границата со ЕУ дали ќе треба да платат или не 25 отсто царина поради исполнување на квотите“, додава Шапковска.

За неа за решавање на овој голем проблем потребно е политичко делување и Владата да ги подели квотите на компаниите тука, во Македонија.

„Државата треба да најде начин да ни ги распореди квотите. Бидејќи „ИГМ“ е најголем од нас на него нека му припаднат 50 отсто, а нам и на „11 Октомври“ по 25 отсто. Доколку тоа не се случи ќе треба да ставиме клуч на фабриката. За последните четири месеци исплаќаме плата, а не сме ја заработиле и со тоа создаваме загуба. Освен тоа, досега никој не не предупредил дека ќе дојде до тоа и доколку бевме предупредени за квотите, тогаш немаше да инвестираме милионски суми во овој бизнис“, смета Маја Шапковска.

Потенцира дека трите компании се меѓу најголемите плаќачи на ДДВ во државата во износ од 120 милиони евра годишно.

Македонија е во групата земји кои до 3 февруари годинава имале квоти за извоз на челик заедно со Турција, Украина и Русија. Од 4-ти идниот месец Македонија има „специфична државна квота“, односно не е во „генералната квота“.

Кај „Макстил“ загубите се проценуваат на 25 милиони евра годишно. Кочовски потенцира дека квотата е определена на ниско ниво врз основа на реализирани увози во ЕУ во 2015,16 и 17 година кога пазарот на челик беше се уште во стагнација.

„Глобалната квота е 2,8 милиони тони. Добра околност е што четирите најголеми извозници Украина, Русија, Јужна Кореја и Индонезија се ограничени на 1,6 милиони тони и остануваат 1,2 милиони за сите останати земји. Принципот на трошење е кој прв ќе побара ќе биде прв услужен. Како поголеми се Индонезија, Турција, Иран, Бразил и Јапонија кои имаат драстично зголемување на извозот што значи дека нема сигурност дека тоа нема да го направат во наредниот период и да ја исполнат“, појаснува Кочоски и додава дека позитивно е што за Кина има заштитни царини па тоа ќе остави простор за другите земји.

Позитивна работа е што има и заштитни царини за Кина и тоа ќе остави простор и за другите земји, но смета дека и тоа не нуди некоја гаранција.

Покрај директните штети според оваа индустрија ќе настрадаат и поврзаните гранки со нив.

„Проблемот не завршува тука. Ако количинските ограничувања за нашите производи ги манифестираат сите неизвесности ќе старадаат и сите поврзани индустрии. Сите наши снабдувачи со материјали, суровини, услуги, транспротни услуги, енергетика…. Се што е во ланецот на снабдување што е поврзано со нашето работење заради евентуалното ограничување ќе трпи и ќе има реперкусии врз диманизирањето на целокупната економска активност, бидејќи оваа индустриска структура кај нас е влијателна“, вели Кочовски.

Тој уверува дека нема да престане животот на оваа индустрија и оти не сакаат да создаваат нервоза, но потенцира дека сето ова ќе има реперкусии на вкупните економски показатели.

„Нема да престане животот и не сакаме да создаваме некаква нервоза, но дека ќе има реперкусии врз вкупните економски показатели -ќе има. кај оваа групација тоа посебно ќе биде изразено, ќе се рефлектира врз нивните развојни планови, на динамиката на индустриското производство., трошоците на работење и ќе треба со вакви проблеми да живееме во наредните три години“, рече Кочовски.

Инаку, учеството на оваа индустрија во БДП е 5,7 проценти, а нејзиното учеството во нето извозот е 12-13 проценти. Лани за 11 месеци имаат извоз повеќе од 800 милиони евра.

Најголемиот хендикеп на оваа индустрија е што други пазари нема и не се оптимисти дека може да се најде алтернативен пазар. Најголемиот дел од производството 60 до 70 проценти се пласира на европскиот пазар.

„За надминување на состојбата не е решението во барањето други пазари, бидејќи оваа индустрија нема други пазари. Дури 60-70 проценти од производството се пласира во ЕУ. Бидејќи САД воведе заштитни царини и ни се затвори пазарот. За нас хендикеп во регионот е што и Бугарија и Хрватска беа регонални пазари, а сега се во Унијата, и тие продажби што одеа таму сега се на удар на овие ограничувања. Грција не е во некој индустриски залет каде може да се очекува“, вели Кочовски, кој не е оптимист дека и државата може многу да помогне.

Мерките важат за сите земји без исклучок иако здружението барало да се определи национална квота за Македонија и количините да се поделат на некој период пред кризните години кога имаше нормална продажба за да може оваа индустрија да егзистира во наредниот период.

Ние и натаму стоиме на ветувањето на владините структури дека ќе ги користат сите мерки да се бара, иако одговорот беше дека исклучок не може да се направи за ниедна земја, вели Кочовски и додава дека кога индустријата е погодена со ваква состојба од надвор, екстерно влијание, државата може да предложи некој арсенал мерки за да се ублажи состојбата, но во основа проблемот не може да се реши со владини мерки бидејќи проблемот е од надвор.

Владата во неколку наврати расправаше за овие мерки и чекаме да видиме и остануваме да разговараме и преговоараме да видиме што Владата има на располагање како можност, иако нема некакви механизми за некој голем државен интервенционизам во вакви ситуации, но за да остане оваа индустрија во кондиција треба да ги разгледува сите можности“, рече Кочовски.

Мерките стапуваат на сила на почетокот на наредниот месец.

МИА

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.