МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
Лозарите излегуваат на протести, Николовски ветува исплата за грозјето

Лозарите излегуваат на протести, Николовски ветува исплата за грозјето

петок, 25 јануари 2019, 10:48ч.   |   L.E.

 Лозарите незадоволни од одложувањето на исплатата на заостанатите долгови најавија дека во недела ќе излезат на мирни протести како последно предупредува.

 

-Мирниот протест ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад во Кавадарци. Целта ни е изразување на незадоволството на лозарите заради неисплатеното грозје од претходните неколку години наназад, од винариите „Стефанс” и „Повардарие”, информираа за МИА од Здружението „Напредни лозари”.

 

Првиот човек на министерството за земјоделство, Љупчо Николовски пак ветува дека парите мора да им бидат префрлени, за што одржа и средби со претставници од здружението на лозари , винарската визба „Повардарие“, стечајниот управник на винарницата „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион.

 

Министерот Николовски посочи дека Владата и МЗШВ изминатиов период имаа интензивни состаноци на кои се разгледуваа сите начини како лозарите да си добијат парите за предаденото грозје во овие две винарски визби. Николовски на состанок децидно порача дека лозарите мора да ги добијат парите за предаденото грозје.

 

„Денеска заеднички за овие два случаи „Повардарие“ и „Стефани“ внимателно ги разгледавме сите можни сценарија, како и на кој начин треба да им се помогне за лозарите. Последен пат апелирам до овие два субјекти кои што откупиле грозје од лозарите а истото не го платиле, дека имаат законска обврска да го исплатат долгото кон лозарите. Навистина помина долго време. Иако долгот на „Повардарие“ лани беше над 3,5 милиони евра, денеска е околу 800 илјади евра, од кој што за дел се склучени соодветни договори за компензација со заштитни средства, сепак нашата порака е јасна, долгот целосно мора да биде исплатен во најкус можен рок. Во случајот со винарската визба „Стефани“,во тек е процес на отворена стечајна постапка, и затоа денеска разговаравме и со стечајниот управник, со директори на банки и адвокати. Паралелно МЗШВ ги разгледува сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира да овие две прашања бидат затворени. Јас ќе бидам среќен „Повардарие“ и „Стефани“ никогаш да не се повторат и затоа заеднички ќе иницираме и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени. За мене е неприфатливо да се предаде грозје кое што нема да се плати истото да се стави во залог, а имаме такви случаи да грозјето кое е откупено е продадено а лозарите не добиле пари“,порача министерот Николовски.

 

На состанокот претставниците на лозарите побараа во најкус можен рок да им се исплатат парите за предаденото грозје а воедно се согласија дека треба заеднички да се најде начин да им се исплати долгот по основ на предаденото грозје.

 

При тоа министерот Николовски посочи дека долговите се по основ на претходни години од 2014, 2015 , но и дека во одредени случаи нема случаи нема ниту евиденција колку и на кого се должи. Инаку освен овие две винарници, за 2017 година целокупното грозје откупено од сите винарници запишани во регистарот е целосно исплатено.

 

Лозарите побараа и Фонд за исплата на грозје, за винариите да не ги манипулираат како во минатото, информираат од Здружението “Напредни лозари”. За ова тие писмено се обратиле и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

-Во член 55 во Уставот на Република Македонија, стои пазарно договарање. Но има проблем во договарањето помеѓу винариите и лозарите. Винариите се многу моќни и секогаш ги наметнуваат нивните интереси, меѓусебно однапред договорени, на штета на лозарите. Затоа државата треба да го регулира ова, категорични беа лозарите.

 

Тоа, според нив, не значи формирање на нова институција, зашто фондот нема да биде институција.

 

Институцијата ја имаме, тоа е Македонската банка за поддршка и развој, која би го менаџирала фондот од околу 30 милиони евра.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.