МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Технологија
5 работи кои кинеските компании ги прават подобро од Samsung и Apple

5 работи кои кинеските компании ги прават подобро од Samsung и Apple

петок, 25 јануари 2019, 10:40ч.   |   L.E.

 Голем дел од кинеските компании започнуваат да стекнуваат популарност на глобално ниво, но за жал, тоа го прават на сметка на останатите познати компании, како Apple и Samsung..


Една од причините поради која кинеските компании стануваат толку популарни се моќните спецификации кои ги нудат нивните уреди, но по значително пониски цени.Со дел од овие компании, како OnePlus, Xiaomi, Oppo и Vivo, сме веќе добро запознаени.

Па, да погледнеме дел од карактеристиките кои ги нудат кинеските компании, а се значително подобри од оние на останатите популарни компании, како Samsung или Apple.

1. Брз полнач во кутијата


Иако Samsung не спаѓа во оваа категорија, популарна компанија како Apple, која нуди премиум уреди по неверојатно високи цени, сеуште не може да обезбеди брз полнач во кутијата на смартфонот, туку мора да биде посебно купен. Од друга страна, имаме уреди како Huawei Mate 20 Pro, кој иако не е толку евтин, барем доаѓа со брз полнач во кутијата. Но, дури и поевтини уреди, како OnePlus 6T, кој чини 500 долари, истотака има брз полнач при самото купување. Па, што е проблемот со Apple?
2.Маска и заштита на екранот во кутијата


Покрај брзиот полнач, знаете што друго има во кутијата на кинеските уреди? Маска и заштита на екранот. Кога купувате смартфон, како оние на Samsung и Apple, кои чинат над 1,000 евра, ваквиот додаток е неопходен.
3. Безжичен полнач во кутијата


Оваа карактеристика не е толку честа ниту кај кинеските компании, но сепак бевме изненадени што уреди како Xiaomi Mi Mix 3, доаѓаат со брз полнач во кутијата. Ваквиот додаток за новите смартфони на Samsung и Apple чини околу 50-80 евра, додека уредите како оној на Xiaomi, веќе чинат речиси половина од цената на iPhone XS, а доаѓаат и со сите потребни додатоци во кутијата.

4.Многу често - со поиздржливи батерии


Иако поновите модели, како iPhone XR или Note 9, доаѓаат со издржливи батерии, сепак голем дел од популарните смартфони треба да се потрудат ваквата карактеристика да стане стандард.

5. Соодветна цена


Последно, ја имаме цената. Кинеските компании често користат герила маркетинг и вирални кампањи за промоција и уредите често ги продаваат само онлајн, што можеби е дел од причината за нивната пониска цена. Иако, уредите на Samsung и Apple имаат неверојатно моќни и уникатни спецификавии, кои оправдуваат дел од нивната цена, сепак сме сигурни дека овие компании можат да ги продаваат многу поевтино, а сепак да добиваат доволен профит. Се согласувате?/gsm.mk

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.