МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Занимиливости
5 флексибилни работни ситуации кои може да ви го сменат животот

5 флексибилни работни ситуации кои може да ви го сменат животот

среда, 23 јануари 2019, 12:46ч.   |   L.E.

 Јас работам од дома (добро, кафуле) еднаш месечно. Имаме канцеларија, што е одлично за споделување на идеи и соработка, меѓутоа понекогаш и знае да го одвлекува вниманието и да деконцентрира. За среќа, нашата канцеларија има политика на работа според која еднаш месечно имаме дозвола да работиме од далечина.

Јас сфаќам дека сум попродуктивен кога работам од дома или од кафуле каде имам неограничен пристап до кафе. Достапен сум за видео конференција за состаноци, одговарам на електронска пошта и постојано сум во контакт преку чет.

Технологијата го менува и начинот на кој работиме. Има неброено многу начини на кои може да ја употребиме технологијата за да сме во постојан контакт со колегите, дури и кога физички не го делиме истот простор. За среќа, компаниите се почесто прифаќаат флексибилни договори за работа. Еве што треба да знаете (и да прашате) за да направите вашата работа да функционира според вашите потреби (и желби).

1. Алтернативен работен распоред
Дали работите подобро рано наутро после првото утринско кафе? Дали мора да сте дома до одредено време за да ги земете децата од училиште? Изменетиот работен распоред може да ви одговара. Сеуште ќе имате од 35 до 40 работни часа неделно, но ќе може да си поставите свое време (па дури и денови) кое ќе се вклопи во вашиот личен распоред.

Пример на работно место
Иако секогаш може од работодавецот да побарате алтернативен работен распоред, еден оглас за вработување за Customer Success Engineer во компанијата Intercom, компанија базирана во Сан Франциско и Даблин, јасно ја споменува флексибилноста на работното време: “За оваа позиција бараме член на далечина за нашиот тим во временска зона EST (UTC -5) кој ќе работи 5 дена во неделата. Деновите од викендот (сабота и недела) се задолжителни, а во однос на другите денови од неделата сме флексибилни.”

2. Работете на далечина
Телекомуникацијата е во подем, и вие може да сте виртуелен вработен. Не, не мора да станете робот. Дали имате работа од соништата, но треба да се дислоцирате? Дали сте ја нашле совршената работа, но не сакате да се селите далеку од дома? Тогаш, работата од далечина е она што ви треба.

Пред да му предложите на шефот (или идниот шеф) да работите од далечина, размислете дали може да напредувате во таква ситуација. Не дозволувајте да ве придобие само можноста да гледате серија на пладне. Бидете сигурни дека поседувате фокус, самодисциплина, комуникациски вештини и воздржаност.

Пример на работно место
Деновиве има се повеќе работни места на далечина, како оваа позиција на Junior Rails Developer во Insured By Us.

3. Збиен работен распоред
Што доколку секој викенд може да ви е продолжен? Може да работите со збиен работен распоред. Не резервирајте веднаш – има еден проблем! Треба да работите дополнителни саати во текот на неделата на сметка на слободниот ден кој ќе си го поминете со коктел и пријатели на плажа. Но доколку сте подготвени да работите по 9 или 10 часа дневно, четири дена во неделата, тогаш ова е за вас.

Пример на работно место
Некои компании дозволуваат збиен работен распоред само преку лето, но позицијата за Front end designer во компанија во Портланд нуди полно работно време, 4 дена, 4 дена во неделата преку целата година.

4. Денови за работа од дома
Дали вашата работа подразбира долго патување секој ден? Дали скапо ве чини превозот од дома до работното место? Побарајте денови од месецот во кои ќе може да работите од дома. Често пати луѓето имаат погрешна претстава дека од дома нема да може да ја завршата истата колулнина на работа. Побарајте неколку денови за да пробате и да покажете дека може да сте продуктивни од секаде.

Пример на работно место
Wildbit, компанија од Сиднеј вработува Full Stack Web Developer со полно работно време и флексибилен работен распоред кој одговара на вашиот личен стил на живеење.

5. Работен одмор
Сеуште сонувате за плажа, а немате можности да го збиете работниот распоред? Побарајте работен одмор. Тоа е токму она и што мислите: можност да работите додека сте на одмор. Ќе мора да работите одреден број на часови, да одговарате на конференциски повици и да праќате електронски пораки, но сето тоа од топла дестинација и покрај море. Само замислете си како ја заменувате канцеларијата за крстарење.

Недостатокот е дека ќе мора да работите, и нема да може целосно да уживате во патувањето, но предноста е што сепак ќе имате можност за патување. Престанете да гледате во фотографиите со мориња и плажи на екранот и договорете работен одмор.

Јас го споменав работниот одмор како можност, но сепак тоа е нешто што може (тактички) да го споменете малку подоцна во процесот на вработување или откако ќе имате веќе сработено одлична работа во временски рок.

Како што расте и се трансформира пазарот на труд, така флексибилноста при работа станува се почеста во многу индустрии. Најголеми можности за овој тип на работа, е во ИТ каде огромни компании имаат целосно флексибилни тимови на далечина.

Технологијата наметнува нов стандард и со неа нема потреба од фиксно работно време од 09.00 до 14.00. Ние сме константно поврзани со канцеларијата и од нас се очекува да одговараме на потребите во секое време. Направете оваа интерна поврзаност да функционира за вас преку флексибилни договори за работа.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Хирург заспива додека ја држи тукушто „прикачената“ рака на негов пациент, а причината за тоа остава без зборови
Ним не им е ладно: Убавици од Русија се капеле во ледена вода! (Фото)
Годишна плата од 57.000 евра за 4 работни дена неделно – никој не им се пријавува
Село во Италија плаќа 2.000 евра на секој што ќе се пресели таму
Оваа куќа се гради за еден ден, а чини помалку од 29.000 евра – отпорна е на земјотреси, има соларни плочи (Видео)
Урнат рекордот по „лајкови“ на Инстаграм
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.