МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Македонија
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени

Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени

вторник, 22 јануари 2019, 14:16ч.   |   Xh.I.

Три нови случаи со мали сипаници (морбили) се регистрирани вчера во Скопје. Станува збор за дете на возраст од една и пол година од населбата Чаир, како и за 10-месечно дете и петгодишно дете од Центар, кои не биле вакцинирани, информираат денеска за МИА од Министерството за здравство.

Со овие три нови случаи, како што посочуваат, од декември, досега, во Скопје се регистрирани 69 заболени од мали сипаници.

„Во моментов 24 пациенти со морбили се сместени на Клиниката за инфективни болести. Крај на епидемијата ќе се прогласи тогаш кога нема да има ниту еден заболен во период од четири недели. Од почетокот на епидемијата на морбили во декември и од почетокот на забраната за примање деца во градинка кои не се вакцинирани со МРП вакцина, досега, се вакцинирани повеќе од 3.400 деца, истакнуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, во градинките во Скопје сè уште не се примаат невакцинирани деца, а државните здравствени инспектори прават увид на терен за да утврдат дали има градинки што примаат невакцинирани деца, но досега не регистрирале таков случај.
 

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.