МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Колумни
Извинете, дали вашата мајка е Албанка?

Извинете, дали вашата мајка е Албанка?

вторник, 22 јануари 2019, 10:32ч.   |   Xh.I.

Пишува ДЕНКО МАЛЕСКИ

Пристоен, млад новинар од „Независен весник“, со чувство на непријатност во гласот, се извинува што ме вознемирува во 16 часот, за да провери вест која се однесува на мене. Имено, во утрешниот број, неговиот весник објавува информација за разговорите помеѓу ДУИ и СДСМ за консенсуален кандидат за претседател. Од она што го разбрав, СДСМ предложил имиња на неколку кандидати, но ДУИ ги одбил со образложение дека ниту еден од предложените кандидати немал, како што рече новинарот, албанска „жичка“. Од ДУИ сметале дека јас го исполнувам и тој критериум, со „жичката“, мислам. Незгодно ми е, вели младиот човек, но дали е точно дека вашата мајка е Албанка, родум од Корча. Тоа, „незгодно ми е“, пријатно ме изненади и ме разоружа, па го продолжив разговорот уште некоја минута кажувајки му за времиња кога за прв пат осамна таа вест во една колумна во „Дневник“ посветена на мене, напишана од еден мој  драг колега Ѓорѓи Марјановиќ. И тогаш, пред дваесетина години, не одговорив на тврдењето во колумната дека јас се залагам за правата на Албанците затоа што мајка ми е Албанка. Мислев дека, во политичкиот контекст во кој се користи, непристојно е да се одговори на такво прашање. Ако е вистина, што од тоа, ако не е вистина, се правдам? Пред кого и зошто? Па, сите сме прво луѓе дури потоа Албанци и Македонци. Но, приказната си зеде свој живот и продолжи во времето.

Признавам, ќе паднев во искушение конечно да дадам директен одговор на тоа прашање кога слушнав дека, на само што Македонците го користат за да ме „дискредитираат“ пред својата нација, туку и Албанците за да ме „афирмираат“ кај сопствената. Но, се воздржав. Ќе кажам ли, конечно, дали мојата мајка е Албанка или не е? Повторно, како и пред дваесет години, нема да одговарам. Патем, ако некој сака да разбере нешто за мојата семејна историја, треба само да ја отвори автобиографската книга „Бебето од катран – Македонија во меѓународните односи 1991-1993“ и таму пишува сѐ.  Сум сакал да кажам нешто за мојата семејна историја и сум го напишал, токму затоа што никој на ме прозвал. Секој кој ќе ги прочита барем тие страници од книгата, ќе го најде одговорот за мојата мајка. А на новинарско или на прашање од некоја партија, „дали мајка ми е Албанка“, во контекст на некакви избори, па биле тие и претседателски, и натаму не одговарам.

© ЖУРНАЛ    ~248,84

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Извинете, дали вашата мајка е Албанка?
АМНЕСТИЈА: Примарната задача на политиката е да избегне насилство
Изгласајте иднина, па на работа
Врвни превари!
НАТО
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.