МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО

Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО

понеделник, 21 јануари 2019, 16:19ч.   |   Xh.I.

Амбасадата на Република Словенија е именувана од страна на НАТО за точка за контакт во претстојниот финален процес на зачленувањето на Република Македонија во Алијансата, во периодот кога земјите-членки на НАТО ќе ја започнат постапката за ратификација на Протоколот за пристапување на нашата земја во сојузот, истакна денеска премиерот Зоран Заев на средба со словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец.

Заев денеска на прими словенечката делегација, предводена од Ерјавец, а на средбата присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како и други членови на Кабинетот.

„Ова е особено радосна вест за нашата земја бидејќи покрај нас, во фазата кога земјите членки на НАТО ќе пристапат кон потпишување на протоколот на пристапување на Република Македонија во Алијансата, покрај нас ќе имаме докажан пријател и партнер. Република Македонија и Република Словенија има традиционално одлични односи, со постојана взаемна поддршка и соработка. Словенија таа своја определба ја докажа и со поддршката за нашата земја, за нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО и за време на целиот тој процес ни ја даваше и ни дава безрезервна поддршка“, истакна Заев.

Тој потоа го запозна словенечкиот министер за одбрана Ерјавец, како и другите членови на неговата делегација, за актуелната ситуација со спроведувањето на Договорот од Преспа во Република Македонија и во Грција и нагласи дека очекува успешна завршница во грчкиот Парламент, по што ќе следува постапката за прием на нашата земја во НАТО, како и создавање на поволен амбиент за потврдување на договорениот старт на преговорите со ЕУ со отворање на првите поглавја во јули оваа година.

Заев и Ерјавец се согласија дека двете земји остануваат посветени на проширување и продлабочување на билатералните односи кои бележат постојан раст и дека односите ќе добијат дополнителен поттик со членството на Македонија во НАТО, што ќе произлезе и од консолидирањето и интензивирањето на политичките реформи, како основа и за економскиот раст на Република Македонија.
 

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.