МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Здравје
Масло од диво оригано: Најмоќниот природен антибиотик

Масло од диво оригано: Најмоќниот природен антибиотик

понеделник, 21 јануари 2019, 14:07ч.   |   L.E.

Иако фармацијата е многу напредната, сè повеќе луѓе сакаат да го заштитат својот организам на природен начин, бегајќи од штетното влијание на хемијата.

Маслото од диво оригано со векови се користи за лечење најразлични здравствени тегоби. Неговите лековити својства им биле познати уште на античките Грци, а исто така постојат записи и дека Хипократ го користел како антисептик. Ова масло е еден од најсилните природни антибиотици, па затоа и мора да се внимава со количината која се внесува и да се комбинира со други масла за најдобар ефект. Продолжете да читате за да ги откриете неверојатните придобивки од ова магично масло.

 

1. Успешно се бори против бактериските и габичните инфекции
Многу истражувања покажале дека маслото од оригано има силни антибактериски својства и успешно се бори против 30 видови бактерии, меѓу коишто се наоѓа и познатата ешерихија коли. Подеднакво добро се бори и против голем број габични заболувања. Често се користи за борбата против габите под ноктите, како и за атлетското стапало.

2. Ги заблажува тегобите за време на менструацијата
Ова масло одамна се користи за намалување на болките за време на месечниот циклус, како и за нередовна менструација. Но, имајте на ум дека го стимулира протокот на крвта и контракциите на материцата, па затоа не се препорачува за трудници.

3. Ги намалува последиците од кожни болести
Многу луѓе благодарение на ова масло пронашле спас од псоријаза и егзем. Кога станува збор за кожните заболувања, тоа се меша со маслиново масло или масло од јојоба и на тој начин се нанесува на кожата. Резултатите се скоро инстантно видливи.

4. Содржи многу витамини и минерали
Магнезиум, цинк, витамини Ц и Е, железо, манган… сите овие хранливи состојки се содржат во маслото од диво оригано.

5. Помага при проблеми со дишењето
Маслото од диво оригано е ефикасно против бронхитис, астма и проблеми со дишењето предизвикани од настинка. Тоа има благо седативно дејство и кај дишните проблеми предизвикани од алергија, но исто така и ја ублажува реакцијата на телото на алергените.

6. Штити од кардиоваскуларни болести
Благодарение на силните антиоксиданси во него, тој ги штити срцето и вените од штетата предизвикана од слободните радикали. Исто така го намалува лошиот холестерол и го спречува насобирањето на мастите во организмот.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
10 продукти кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат согорувањето на калориите
За 48 часа елиминирајте ги сите токсини и масти од телото
Пушачи, исчистете ги белите дробови за 3. дена: Спречете рак, исфрлете маснотии и вишок вода од организмот!
Да се пие гaзирана вода или не?
Колку пати неделно смеете да јадете сувомеснати производи?
За секоја крвна група има соодветен чај кој и одговара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.