МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Македонија
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна поддршка

Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна поддршка

понеделник, 21 јануари 2019, 14:19ч.   |   Xh.I.

Во посета на Македонија денеска престојува словеченкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, кој ја пренесе безрезервната поддршка на Словенија за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Словенија го прифати Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, што треба да биде ратификуван од сите земји-членки на Алијансата, пред Македонија и официјално да стане 30. членка. Протоколот без проблем е прифатен од сите земји-членки, а сега се чека Договорот од Преспа да биде ратификуван во грчкиот Парламент, по што ќе настапи и процесот на ратификација на Протоколот во земјите-членки, а Грција е првата држава која најави дека ќе го стори тоа.

На заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, нагласи дека пред оваа функција тој седум години бил во словенечкото Министерство за надворешни работи и додаде дека е свесен колкава желба и волја се потребни за да се оди по патот на евроатлантските интеграции.

Словенија оваа година одбележува15 години од членството во НАТО, а Ерјавец се потсети дека и неговата земја морала да прави компромиси, како тој со Италија за да стане полноправна членка.

„Многу добро знам во каква положба е Македонија и што се мора да направи за да влезе во ЕУ и да стане членка на НАТО сојузот. Република Словенија веќе даде согласност за претпристапниот протокол“, истакна Ерјавец и изрази оптимизам дека и грчката страна ќе го исполни својот дел од Договорот.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека според проценките на Владата недели ја делат Македонија од можноста да седне заедно на иста маса со сојузниците.

„Треба да ги почитуваме процедурите и во Грција, но и во НАТО. За земјите-членки меѓу кои и Словенија да го потпишат протоколот за пристапување потребно е Преспанскиот договор да биде целосно ратификуван и очекуваме оваа недела грчкиот Парламент да го исполни својот дел од обврските. Во моментот кога Преспанскиот договор ќе биде целосно ратификуван и од страна на Македонија и од страна на Грција очекуваме сите 29 земји-членки релативно во кус и ефикасен период да го потпишат протоколот за пристапување по што Грција ќе може да го ратификува. Грција не може да го ратификува протоколот, ако тој е не е потпишан или ако не е подготвен од страна на НАТО. Добро е што во процедурата на изготување на протоколот ниту една земја членка на НАТО немаше ниту едно отворено прашање и практично тој беше одобрен низ една процедура на молчење“, нагласи Шекеринска.

Нагласи дека Македонија е горда на своето постигнување и додаде дека Владата за неполни две години успеала да ја нормализира државата, да ги врати на сила основните демократски правила и узанси, да спроведе важни реформи и во делот на одбраната, ја врати слободата на медиумите.

„Како Словенија и вие имате право да бидете горди на овој наш успех, бидејќи успехот на нашата држава на планот на членството во НАТО и ЕУ има силна словенечка боја“, рече Шекеринска.

Потсети дека словенечката Амбасада е контакт Амбасада на Македонија за НАТО, а шефот на НАТО канцеларијата за врски е словенечки офицер и додаде дека Словенија е сериозна држава и таа својата поддршка не ја дава бланко.

Соработката меѓу двете армии се развива повеќе години, одржувани се заеднички воени вежби, а прв пат дополнително оваа година припадници на АРМ ќе имаат можност да се школуваат на НАТО серитифицираниот курс во организација на школата за операции земја-водух во рамките на словенечките вооружени сили. Кон средината на минатата година е обновен Меморандумот за разбирање во делот на користење на армиските полигони во двете земји.
 

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.