МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Технологија
Google дава 40 милиони долари за технологија за производство на паметни часовници

Google дава 40 милиони долари за технологија за производство на паметни часовници

недела, 20 јануари 2019, 10:44ч.   |   L.E.

 Познатиот американски производител на рачни часовници Fosiil најави продажба на својата технологија за производство на паметни часовници на интернет гигантот Google.

Бизнисот е “тежок” 40 милиони долари. Како што е најавено, работниците на Fossil, кои работеле на паметните часовници, ќе станат вработени во Google.
Паметниот часовник на Google, Pixel Watch, како и Pixel смартфоните поседува отворен оперативен систем. Но, бидејќи пазарот на носечки уреди се уште не заживеа како пазарот на паметните телефони, ни самиот Wear OS не е многу распространет.

Изборот на Google за Fossil за партнер не е лош потег, бидејќи оваа компанија константно развива квалитетни производи наменети за фитнес, кои притоа имаат многу прифатливи цени.
На пазарот на паметни часовници моментно доминира Apple, додека зад врат му дишат Fitbit и Samsung. Меѓутоа, секој од овие производители донекаде цели на различни сегменти од пазарот.

Сето тоа, на Google му го намалува маневарскиот простор за вклучување во трката. А за да успее во тоа, неговиот паметен часовник ќе мора некако да се разликува од конкуренцијата.
Веројатно во тоа и лежи причината поради која изборот на партнер паднаа на Fosiil, познат како производител кој знае и умее да направи добар и квалитетен рачен часовник.Извор: https://usb.mk/

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.