МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Технологија
Заострени правила за огласување на Фејсбук во земјите каде ќе се одржат избори

Заострени правила за огласување на Фејсбук во земјите каде ќе се одржат избори

недела, 20 јануари 2019, 10:44ч.   |   L.E.

 Како највлијателна социјална мрежа во речиси секоја поголема земја, Фејсбук од 2016 година е средство на политичарите и нивните противници да шират лажни вести и друга пропаганда.

Со купување огласи на Фејсбук, тој рекламен материјал може да се прошири на целната публика, но и таквото влијание може да ги наруши изборните правила.

Под притисок на властите ширум светот, Фејсбук минатата година воведе неколку иницијативи за зголемување на контролата над политичките огласи.

Почнувајќи од средата во Нигерија, само огласувачите лоцирани во таа земја ќе имаат право на изборни огласи, што беше спроведено и за време на ирскиот референдум во мај минатата година. Истиот пристап ќе стапи во сила во февруари во Украина. Во Нигерија, претседателските избори се одржуваат на 16 февруари, а во Украина на 31 март.

Во Индија, каде што на пролет ќе се одржат парламентарни избори, Фејсбук веќе од следниот месец ќе почне да објавува изборни огласи во интернет книжарница, најави Роб Летерн, директор за управување со производи во компанијата.

– Учиме од секоја земја. Знаеме дека нема да бидеме совршени, но нашата цел е да се подобриме, изјави Летерн.

Тој додаде дека Фејсбук верува оти задржувањето огласи во архива седум години е клучен дел од борбата против изборните мешања.

– Библиотеката ќе биде слична на архивите кои минатата година беа поставени во САД, Бразил и Велика Британија, додаде Летерн.

Новововедената транспарентност наиде на противење од функционерите и групите одговорни за кампањите, кои посочуваат дека Фејсбук им дозволи на огласувачите во САД да го затскријат нивниот идентитет.

– Европската унија треба да добие верзија од тој состав на авторизација и транспарентност во пресрет на парламентарните избори во мај, рече Летерн.

Австралија, Индонезија, Израел и Филипините се наоѓаат меѓу државите кои оваа година ќе имаат клучни избори, но Фејсбук за нив се уште бара пристап.

Останатите Фејсбук тимови ќе останат насочени на препознавање проблематично политичко однесување, кое не е поврзано со огласите.

Минатиот месец, истражувачи, кои работеа за Комитет на американскиот Сенат, заклучија дека руската агенција за истражување на интернет користела огласи на социјалните мрежи и објавувала неавтентични сметки за да го промовира тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп кај милиони Американци. Русија ги отфрли тие обвинувања.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Поради нив се хакираат профили: Ако ги користите овие лозинки, сменете ги веднаш
Apple: Нови детали за 2019 iPhone смартфоните!
Ова е смартфонот кој постигна помоќни бенчмаркинг резултати од iPhone XS, а пристигнува наскоро!
Apple заменил 11 милиони дефектни батерии за iPhone во 2018 година
5 работи кои кинеските компании ги прават подобро од Samsung и Apple
Samsung им го покажа „превиткувачкиот“ Galaxy на мал број на клиенти на CES 2019?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.