МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Технологија
Колку Google всушност ги контролира Android телефоните?

Колку Google всушност ги контролира Android телефоните?

петок, 18 јануари 2019, 12:11ч.   |   L.E.

Google им издаде извинување на корисниците на смартфони со оперативен систем Android, кои во петокот на сајтот „Reddit“, објавија дека опцијата за штедење на батеријата во нивните мобилни уреди се активирала сама, без нивно знаење или одобрување.

Според тврдењата на бројни сопственици на мобилни телефони со оперативен систем Android, кои за овој проблем дискутираа на Reddit, забележано е дека опцијата за штедење на батериијата неочекувано се вклучила на Google Pixel и Essential телефоните, дури и кај оние корисници кои претходно сами ја исклучиле опцијата.

Уредите кај кои се случило ова, ја имале инсталирано последната верзија на оперативниот систем на Google, Android Pie 9.0.

Кога е вклучена, опцијата за штедење на батеријата ги забавува перформансите на телефонот и оневозможува телефонот да прима и пребарува известувања во врска со прием на електронска пошта, известување околу ажурирање на апликациите и слично.

„Во прашање е интерен експеримент, чија цел е да се тестираат можностите на опцијата за штедење на батеријата, а во кој по грешка беа вклучени повеќе корисници, отколку што првобитно беше планирано“, стои во извинувањето од Google.

И додека на овој случај може да се гледа како на помал инцидент, помеѓу корисниците на Android уреди, на „Reddit“, сосема оправдано се отвори темата за тоа во која мерка и на кој начин Google може да воспостави контрола над паметните телефони, кои го користат оперативниот систем Android.

Значи, без разлика на тоа што станува збор за можеби не така голем проблем, сепак ова е очигледен знак дека Google во секој момент може да ги контролира Android телефоните, што секако не е добра работа за корисниците.Извор: kajgana.com

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.