МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни

СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни

среда, 16 јануари 2019, 15:16ч.   |   Xh.I.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите, реагираат од СДСМ на изјавата на Ане Лашкоска од опозициската партија, која денеска изјави дека власта нема намера да донесе квалитетен закон.

Од владејачката партија додаваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Христијан Мицкоски, не сака силна, независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.

„Очигледна е разликата во концепти. СДСМ и парламентарното мнозинство во Собранието се против корупција, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за корупција. ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата. Да беа навистина за суштинска борба против корупцијата, немаше да бидат против тоа Комисијата да има проширени надлежности на дејствување, особено во делот на финансирањето на политичките партии“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ сметаат дека на Македонија ѝ е потребна силна, независна и професионална Комисија за спречување на корупцијата и затоа, како што велат, потребно е сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.