МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Свет
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико

Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико

среда, 16 јануари 2019, 13:56ч.   |   Z.H.

 Сведок на судењето против Ел Чапо во САД изјави дека обвинетиот наркобос платил 100 милиони долари мито на поранешниот претседател на Мексико, Енрке Пења Нијето.

 
Долгогодишниот соработник на Ел Чапо, Алекс Чифуентес, го рече тоа за време на вкрстено испрашување во сојузниот суд во Бруклин одговарајќи на прашање дали е вистина дека наркобосот го подмитил поранешниот претседател на Мексико, пренесе АП.
 
Пења Нијето беше претседател од јануари 2012 до ноември 2018 година, а претходно беше гувернер на сојузната држава што ја вклучува престолнината на Мексико Сити.
 
Судњето на Ел Чапо почна во ноември минатата година, а тој во 2017 беше испорачан во САД, каде што се товари дека како шеф на картел шверцувал кокаин, хероин и други видови дрога во земјата. Портпаролот на Нијета тврдењата за примањето на мито ги нарече лаги и клевети.

© ЖУРНАЛ    ~58,20

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.