МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
Османи: Вработувањата во СЕП се кадровско екипирање за преговорите со ЕУ

Османи: Вработувањата во СЕП се кадровско екипирање за преговорите со ЕУ

петок, 11 јануари 2019, 13:34ч.   |   Xh.I.

Новите вработувања во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), за кои е објавен оглас, се кадровско екипирање за преговорите за членство во Европската унија, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– СЕП е носечкиот столб на преговарачката структура. Очекувајќи дека во јуни годинава ќе добиеме потврда за датумот за преговори и оти во текот на годинава ќе ги започнеме преговорите, пред се, билатералниот скрининг, па и преговорите, ако има институција која треба да се подготви кадровски тоа е СЕП, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за стартот на проектот Скопје-Блаце.

Во огласените вработувања во Министерството за транспорт и врски, пак, според ресорниот министер Горан Сугарески, има десет унапредувања, но не се нови работни места. Има и нови, но за пополнување на испразнетите позиции по основ на пензионирање, како и за потребата од кадри како што се урбанисти.

И во ЈП за државни патишта, како што рече директорт Зоран Китанов, огласите не се однесуваат за нови вработувања, туку обнова на постоечките на кои им истекува договорот.

– Не се работи за никакво трупање на администрацијата, туку за патарините и за контролниот пункт кај Неготино и екстра правната служба заради затекнатите проблеми со експропријацијата на што работеа само двајца, рече Китанов.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека со тековните огласи за вработување во повеќе институции се пополнуваат само неопходните работни места.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.