МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Авто
SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“

SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“

петок, 11 јануари 2019, 12:25ч.   |   L.E.

Британскиот магазин за теренски возила втора година по ред му признава најдобра противвредност на SsangYong Rexton во редовниот избор за автомобил на годината.

Возачите „на островот“ имаат помалку предрасуди кон марките што продаваат поевтино од останатите. Додека тие марки за другите возачи се евтини, британските возачи ценат дека тие им нудат поголема противвредност. Таков беше случајот со Skoda, а потоа и со Dacia, кои уште во екот на нивната трансформација од источноевропски производители во светски играчи постигнуваа подобра продажба во земјата, отколку на повеќето европски пазари.

Корејскиот SsangYong Rexton лани победи во категоријата на автомобили со најдобра противвредност во изборот на специјализираниот „4×4 Magazine“, а победата не ја пропушти и годинава. Во меѓувреме и пикапот Musso победи како најисплатлива понуда во категоријата на пикапи во изборот на ценетиот британски магазин.

SsangYong Rexton ги убедува купувачите и со гаранцијата за 7 години или 240.000 километри во Велика Британија
Според застапникот на SsangYong во земјата, со овие титули се потврдува стратешката определба на марката, да понуди пониски цени, богата опрема и квалитетна изработка, во комбинација со 7-годишна гаранција, односно гаранција до 240.000 километри.
Уредникот Алан Кид коментира: „SsangYong Rexton изненади многумина кога ја понесе титулата на севкупен победник и стана најдобар 4х4 за минатата година. Неговата исклучителна противвредност беше само една од причините за тоа – како што тогаш посочивме, со неговата квалитетна изработка, опремата и дизајнот на кабината, тој би привлекол купувачи и по многу повисока цена.“

Конкурентите на робусниот теренец со носечка рамка се големи имиња во сегментот: Toyota Landcruiser и Land Rover Discovery; Подеднакво е голема и разликата во цената
Новата генерација на SsangYong Rexton, како знаменосец на корејската марка, стартуваше со продажба лани. Како припадник на вишата класа теренци, неговата почетна цена на британскиот пазар изнесува 28.995 фунти, односно околу 32.000 евра. Тоа е близу 10.000 евра под цената на конкурентот Toyota Landcruiser 2.8 D-4D и дури 20.000 евра поевтино од Land Rover Discovery Sd4.

Моторот е 2,2-литарски дизел со моќност од 181 КС и вртежен момент од 420 њутмнетри. Со доплата, големиот теренец се испорачува со 7-степен автоматски менувач од долгогодишниот партнер Mercedes. Купувачите ја ценат и способноста за влечење товар до 3,5 тони.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Првиот македонски електричен автомобил
Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla
Нови Golf 8 фотографии
Tоп 10 најбарани автомобилски брендови во ЕУ
Креативна реклама за новиот Golf која вреди да се погледне (Видео)
Mercedes-AMG инвазија во Скопје!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.