МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Македонија
Поднесено обвинение против поранешниот градоначалник на Неготино

Поднесено обвинение против поранешниот градоначалник на Неготино

петок, 11 јануари 2019, 10:05ч.   |   Xh.I.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд во Неготино поднесе обвинителен предлог против поранешниот градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов, со кој го товари за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството, како што посочија оттаму утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како тогашен градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници, да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

„Обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 проценти од износот на основната плата пресметана по час“, велат од обвинителството.

Ексградоначалникот на Неготино го извршил кривичното дело и нанел штета на буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 проценти за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од обвинителството.​

© ЖУРНАЛ    ~37,13

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Манчевски: Ние се боревме против партиски вработувања, Заев бара сите роднински вработувања да се повлечат
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.