МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Спорт
Полицијата побара ДНК примерок од Кристијано Роналдо

Полицијата побара ДНК примерок од Кристијано Роналдо

петок, 11 јануари 2019, 10:02ч.   |   Xh.I.

Полицијата во Лас Вегас побарала ДНК примерок од ѕвездата на италијанскиот шампион Јувентус, Кристијано Роналдо.

Поканата е испратена во Италија и е поврзана со истрагата по обвинение за силување на Португалецот на Американката Кетрин Мајорга во 2009 година.

Адвокатот на петкратниот добитник на „Златната топка“, Петер Кристиансен изјави дека ваквата практика е нормална и нема ништо изненадувачки во барањето на полицијата.

„Г-дин Роналдо и до ден денешен ја поддржува верзијата дека случката од 2009 година била консензуална, па е стандардна процедура да му биде побарана ДНК“, вели адвокатот.

Потсетуваме дека во септември Мајорга го обвини Кристијано за силување пред 10 години. Тогаш тој и платил 375 илјади долари, за да не покрене обвинение.

Мајорга, која е поранешен наставник и модел, сепак одлучила да пријави во полиција, од каде продолжиле со истрагата. Адвокатите велат дека доказите за силување се променети или целосно измислени.

Една од поранешните љубовници на португалската ѕвезда – Џасмин Ленард, изјави дека е подготвена да и помогне на Мајорга и додаде: „Имам стотици пораки од него, во кои раскажува како психички ја малтретира мајката на неговото бебе и ја третира лошо. Пораки за сите пати во кои ја мамел. Има закани против мене и моето семејство. Тој најмил детективи кои не следат“.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома
Солари по пласманот на Реал во полуфиналето: Навистина ги жалам оние кои дури сега открија ваков играч!
Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!
Шпански медиум: Модриќ потпишува „доживотен договор“
Марсело: Ако Реал не ме сака, нека ми плати….
Зидан веќе донесе одлука – познат неговиот нов клуб
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.