МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
Британски ,,Еконoмист,, Македонија со „хибридни режими“

Британски ,,Еконoмист,, Македонија со „хибридни режими“

четврток, 10 јануари 2019, 09:59ч.   |   Xh.I.

Македонија на индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10.

Земјата е  во категоријата „хибридни режими“.

Со индексот на демократија опфатени се 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категории – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.

Во категоријата „хибридни режими“ од балканските земји се црна гора со 5,74 поени на 81 место, Босна и Херцеговина со 4,98 бодови е на 101 место, додека Турција е на 110 место со 4,37 поени.

Во категоријата „недоволни демократии“ се Хрватска со 6,57 поени е на 60 место, а Србија со 5,41, додека Словенија е на 36 место со 7,5 поени.

Грција на 39 место со 7,29 поени, Бугарија 46 место – 7,03, додека Романија – 66 место со 6,38 бодови.

На самиот  врв на индексот на демократија, како и досега се скандинавските  земји – Норвешка, Шведска и Данска  со 9,87 бодови.

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.