МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дадеме легитимитет за промената на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дадеме легитимитет за промената на Уставот

четврток, 10 јануари 2019, 09:59ч.   |   Xh.I.

Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозициската партија обвинува дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ги продале националните и државни интереси и ги погазиле Уставот, законите и волјата на македонските граѓани.

„Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име. За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против промената на името на државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата понатаму обвинува дека власта две години нема сработено ништо и е фокусирана единствено на промената на името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. ВМРО-ДПМНЕ повторува дека нема да учествува во процесот на уставните измени и да даде легитимитет за промената на Уставот.

„Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година“, се додава во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Манчевски: Ние се боревме против партиски вработувања, Заев бара сите роднински вработувања да се повлечат
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.