МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Спорт
Тони Крос еден месец на принудна пауза

Тони Крос еден месец на принудна пауза

четврток, 10 јануари 2019, 09:56ч.   |   Xh.I.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, еден месец ќе биде надвор од терен поради повреда, потврдија од мадридскиот клуб.

На минатонеделниот натпревар против Реал Сосиедад (2-0), германскиот интернационалец се здоби со повреда на мускулот и им се придружи на Бејл, Асенсио и Диаз на кои тренерот Солари исто така не може да смета.

Деталните лекарски прегледи потврдија дека се работи за посериозна повреда која ќе го оддалечи Крос од теренот најмалку еден месец.

Германецот поради повредата ќе го пропушти следниот натпревар со Бетис, а потоа и дуелот со Леганес во Кралскиот Куп како и следните три натпревари во Примера. Засега е неизвесно и дали Крос ќе биде подготвен за настап и на градското дерби со Атлетико на 10 февруари.

Оваа сезона, Крос во дресот на Реал Мадрид има одиграно 23 натпревари, постигна еден гол и запиша три асистенции.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома
Солари по пласманот на Реал во полуфиналето: Навистина ги жалам оние кои дури сега открија ваков играч!
Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!
Шпански медиум: Модриќ потпишува „доживотен договор“
Марсело: Ако Реал не ме сака, нека ми плати….
Зидан веќе донесе одлука – познат неговиот нов клуб
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.