МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Економија
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници

Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници

четврток, 10 јануари 2019, 13:06ч.   |   L.E.

Ckopje, 10 januari- Граѓаните кои лани оствариле над 1 милион денари приходи имаат рок уште шест дена односно до 15 јануари да се регистрираат како ДДВ обврзници во УЈП. Кон крајот на минатата година управата испратила допис до 10 илјади граѓани дека треба да се евидентираат во системот, но потоа истото го повлекле. Кој треба да се пријави, кој ќе плаќа ДДВ за приходите информации има во новиот водич. Него го изработи МФ за едно со невладините и ги содржи сите потребни информации.

Со законските измени кои ќе бидат направени на барање на невладиниот сектор од обврската да плаќаат данок ќе бидат исклучени невладините и професорите кои остваруваат приходи од менторство. Исклучени ќе бидат и оне кои заработуваат од вршење на научна дејност. Во системот за ДДВ обврзници не влегуваат и оние кои приходи од изнајмување на станови и ИТ услуги вршени во странство.


Обврска пак да се регистрираа имаат оние кои оствариле приходи по основ на вршење на стопанска дејност, приходи од земјодество, од договор на дело, приходи од издавање под закуп на деловни простории, од авторски права, од членување во надзорни ордбори.

На барање на граѓанските органзиации ќе се даде и можност лицата кои две години по ред немаат приходи кои надминуваат 1 милин денари, наместо после петтата година од регистрацијата , веднаш да можат да излезат од системот.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Што велат Цветанка и Игор за нивното искуство со Cashback World картичките
Објавена најновата листа на должници на УЈП
Европски перспективи за наследниците на семејните бизни во Македонија
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.