МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
Што да коментирам за Мицкоски, на дипломатите им кажува дека ќе го поддржи процесот и дека е конструктивен, рече Заев

Што да коментирам за Мицкоски, на дипломатите им кажува дека ќе го поддржи процесот и дека е конструктивен, рече Заев

четврток, 10 јануари 2019, 13:29ч.   |   Xh.I.

Што да коментирам за Мицкоски, го следев целиот настан вчера, од една страна на меѓународната заедница и на дипломатите им кажува колку е конструктивен и дека ќе го поддржи процесот, дека ќе направи новина во финалната фаза, рече премиерот Зоран Заев, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира последната фаза од уставните промени, и тоа што лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, им се придружи на демонстрантите пред Собрание.

-Тој вчера повика на отпор, а не на протест и ја покажа патеката за приклучување на протестот. Што и да прават нанесуваат само штета. Кога човек нема став  тоа е штетно за мала политичка партија, но е катастрофално за голема. Мицкоски влегува од еден во друг проблем. Секоја закана, секое ширење омраза е недозволено и очекувам МВР да го санкционира. Не само што не и помага на Македонија, туку вградува катастрофални последици кои оставаат трага. Ваква неодговорна политика не сум очекувал од ваква политичка партија, веројатно затоа се вакви состојбите во ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

© ЖУРНАЛ    ~79,27

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.