МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Култура
Превод на поетска книга од Ненад Шапоња „Постои ли допир на твојата душа“

Превод на поетска книга од Ненад Шапоња „Постои ли допир на твојата душа“

четврток, 10 јануари 2019, 13:23ч.   |   L.E.

„Македоника литера“ ја објави поетската книга „Постои ли допир на твојата душа“ на српскиот поет Ненад Шапоња, која содржи 49 песни и поеми. Дел од нив се веќе објавени во негови книги, а на крајот има и есеј во кој авторот го објаснува поетичкиот дискурс во својата лирика.

Ненад Шапоња (1964, Нови Сад) е поет, есеист и критичар, чии стихови се препознатливи во современата српска поезија по стилската перфекција, херменевтичност и метафизички увиди.

Покрај поезија и критика, пишува и куси раскази и патописна проза. Приредил и неколку антологии од кои најзначајна е „Просветина книга на крими раскази“ (2002). Поезијата му е преведувана на англиски, шпански, италијански, полски и романски јазик. Во 2012 година ја основал „Агора“ која денес е меѓу најреномираните српски издавачки куќи.

-Во областа на книжевната критика промовира постмодерна поетика и идеосинкретичен императивен пристап спрема книжевните дела, што подразбира живеење во книжевноста. Десетина години пишуваше критика за „Политика“. Неговата прва збирка поезија „Ѓаконда“ од1990 година доби Бранкова награда, тогаш најзначајната југословенска награда за млади поети, соопшти „Македоника литера“ за поетската книга на Шапоња, која од српски на македонски јазик ја преведе Нове Цветаноски.

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Руската зима во кинотека почнува со „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на Шахназаров
Шест романи во трката за „Роман на годината“
„Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
„Медена земја“ ќе ја смени перцепцијата за македонскиот филм
Операта „Хофманови приказни“ во МОБ
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.