МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Шоубиз
Џенифер Лопез атрактивна во костими за капење за фотосесија, зборуваше за љубовните врски

Џенифер Лопез атрактивна во костими за капење за фотосесија, зборуваше за љубовните врски

четврток, 10 јануари 2019, 12:33ч.   |   L.E.

 Џенифер Лопез е насекаде. Од корици на списанија, модни кампањи, музички спотови и концерти, телевизиски серии и шоуа, до филмови... 49-годишната пејачка и актерка не запира.

Атрактивната ѕвезда ги краси страниците на најновото издание на „Harper’s Bazaar“. За фотосесијата, таа позира во костими за капење и креации од познати брендови како Шанел, Живанши, Сен Лоран и Гучи.

Во интервјуто за списанието, Лопез зборуваше за љубовните врски и приватниот живот. „За мене, патувањето низ врските беше полно со подеми и падови. Но, тоа не беше поврзано со ништо друго, туку со мене – стануваше збор за тоа јас да се разберам себеси. Додека не научиш да се сакаш себеси, не можеш комплетно да сакаш (друга личност) на искрен и чист начин. Откако ќе го направиш тоа, можеш да имаш врски кои се базирани на љубов и почит. Постоеше еволуција која мораше да ми се случи. Чувствувам дека сега сум на подобро место“ – изјави Лопез.

„Имам две неверојатни деца и прекрасен партнер. Немам сфатено сè во животот и не е сè совршено. Но, многу сум горда за сето она низ кое поминав во мојот личен живот. Сè уште сум оптимистка и полна со надеж“ – додала таа.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми го уништи животот, Душко веќе не ми верува: И се распаѓа бракот на Карлеуша
Рада Манојловиќ во Скопје: Пејачката била гостинка на Шенки Версаче! (Фото)
Нови детали за порно аферата на Карлеуша: Пејачката пред своите ќерки Врањеш го претставувала како доктор? (Фото)
ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!
И Дара Бубамара ја прокоментира порно аферата на Јелена Карлеуша
Сите ги сакаа нејзините облини, но поради момчето мораше да ослаби:„Знам дека претерав“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.