МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Xроника
16 сообраќајни несреќи вчера во Скопје

16 сообраќајни несреќи вчера во Скопје

четврток, 10 јануари 2019, 12:31ч.   |   L.E.

Скопје, 10 јануари-Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и осум со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи шест биле нерегистрирани, седум возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и двајца возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 43 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Тинејџери направиле сообраќајка во Тетово, загина 18-годишно момче 13/05/2019
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Скопје
Апсење на Табановце за Први Мај
Патник во автобус тешко повреден, девет сообраќајки вчера во Скопје
Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.