МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Македонија
Бакојани: Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за Преспанскиот договор

Бакојани: Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за Преспанскиот договор

четврток, 10 јануари 2019, 12:24ч.   |   Xh.I.

Грчкиот премиерот Алексис Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за поддршка на Преспанскиот договор во парламентот, изјави Дора Бакојани, влијателниот член на грчката опозициска Нова Демократија  за грчката телевизија „Скај“.

“Ципрас обезбеди мнозинство пратеници за Преспанскиот договор и го доведе Каменос во очај”, рече Бакојани.

Каменос, иако е актуелен министер за внатрешни работи, преку видео-пораки му се заканува на Ципрас дека ќе ја напушти Владата кога ќе дојде редот за ратификација на Спогодбата од Преспа.

Бакојани овој потег на лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) го објаснува со тоа што не може да го поднесе тоа што одлуките на Ципрас и Сириза повеќе не зависат од него.

“Наскоро ќе слушнеме плачлива изјава од министерот за одбрана, бидејќи нема друг избор, нема партија зад себе. Тој е во состојба на очај и на крајот ќе се предомисли“, наведе Бакојани.

Инаку, своевремено Бакојани, како поранешна министерка за надворешни работи го блокираше премот на Македонија во НАТО во 2008-ма.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Манчевски: Ние се боревме против партиски вработувања, Заев бара сите роднински вработувања да се повлечат
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.