МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Вебер: Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерпектива

Вебер: Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерпектива

четврток, 10 јануари 2019, 11:20ч.   |   Xh.I.

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје.

– На сите им е јасно дека прашањето за името мора да биде решено и на Македонија да и се овозможи позитивна економска и европска иднина, вели во изјава за Еурактив, Вебер, кој беше критикуван дека не се изјаснува за Договорот од Преспа и за негативниот став на грчката опозициска партија и членка на ЕПП, Нова демоктратија.

Според првиот човек на ЕПП, одговорноста за договорот, неговото финализирање и имплементирање е на Владата во Атина и за тоа не е неопходна поддршка и од опозицијата.

-Формално, опозицијата не мора да го прифати постигнатиот компромис. Улогата на опозицијата е да дава алтернативи, а Нова демократрија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис не се против начелото за изнаоѓање компромис, истакна Вебер.

Германскиот европратеник Елмар Брок од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, пак, вели дека очекува Нова демократија да го прифати Преспанскиот договор по неговата ратификација во Парламентот. Истакнува дека ова прашање е дискутирано во Европскиот парламент и оти Нова демократија се изјаснила дека ќе го почитува ратификуваниот договор кога ќе дојде во позиција да ја предводи грчката влада.

-Нова демократија кога ќе дојде на власт ќе го прифати и имплементира ратификуваниот договор. Партијата никогаш не кажала дека нема да го прифати ако тој биде ратификуван во Парламентот на Грција, изјави Брок за Еурактив.

Тој очекува Договорот од Преспа да биде високо на агендата на средбите што денеска и утре во Атина ќе ги има германската канцеларка Ангела Меркел со грчкиот државен врв и со лидерите на опозицијата.

Елмар Брок очекува Меркел да ја повори поддршката за Преспанскиот договор и за обезбедување на  неопходното мнозинство во грчкиот Парламент за негова ратификација. /МИА

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.