МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Спорт
Златна канта за Никола Калиниќ

Златна канта за Никола Калиниќ

четврток, 10 јануари 2019, 11:19ч.   |   Xh.I.

Минатата година може да се каже дека беше година за заборав за хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ.

Минатото лето, Калиниќ го напушти Милан каде што пристигна во 2017-та година од Фиорентина како големо засилување. „Росоњерите“ за неговите услуги платија околу 22 милиони евра, но тој ги разочара сите во таборот на Милан со своите слаби настапи.

Сепак, можеби звучи неверојатно, но Милан успеа да го продаде Калиниќ за 18 милиони евра во Атлетико Мадрид, а иако не играше во вториот дел од 2018-та година, тој сеедно ја доби „наградата“ Златна канта – најлошо засилување.

Оваа награда традиционално се доделува во Италија каде што илјадници фанови го избираат најлошото засилување секоја сезона. Калиниќ заврши на првото место со речиси 50% од гласовите, а зад него останаа Патрик Шик од Рома и Андре Силва од Милан.
 

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед
Челзи објави рекордно зголемување на приходите
Покетино го критикуваше газдата на Тотнем: Ако сакаме трофеи, мора да се промениме!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.