МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Регион
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун

Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун

четврток, 10 јануари 2019, 11:14ч.   |   Z.H.

 Авион од авиокомпанијата „Јуровингс“ (Eurowings) по полетувањето од Келн со крајна дестинација Солун, бил погоден од гром, објави третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ.

 
Според истите информации, пилотот решил да се врати назад, авионот успешно слетал на аеродромот во Келн, а ниту еден од патниците не е повреден.
 
На солунскиот аеродром пак, од попладневно поради лошото време и интензивните врнежи од снег, има доцнења и при полетувањата и при слетувањата, а од компанијата „Фрапорт Грис“ (Fraport Greece) им препорачуваат на патниците да се информираат за нивните летови, јави дописничката на МИА од Атина.
 
– Поради неповолните временски услови на аеродромот во Солун„Фрапорт Грис“ им препорачува на патниците кои во следните часа треба авионски да патуваат кон и од Солун да контактираат или со нивната авиокомпанија или со нивната туристичка агенција или да го посетат официјалниот сајт на аеродромот:  www.skg-airport.gr, се наведува во соопштението на солунскиот аеродром.

© ЖУРНАЛ    ~142,48

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.