МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Проширувањето на ЕУ останува приоритет на следните три претседателства

Проширувањето на ЕУ останува приоритет на следните три претседателства

четврток, 10 јануари 2019, 14:11ч.   |   Z.H.

 Романија, Финска и Хрватска, следните три земји претседавачи со Европска унија најавија дека проширувањето ќе биде еден од нивните приоритети, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од лисабонската реформа, земјите претседавачи на ЕУ подготвуваат заеднички програми во тројки, наречени „трио“, во период од 18 месеци. Следните три се Романија, Финска и Хрватска.
 
Поддршката за проширувањето останува за сите три земји „клучна политика, меѓу другото со цел да им се понуди кредибилна перспектива на проширување на земјите од Западниот Балкан, во рамките на договорените параметри“, најави триото.
 
Нов самит ЕУ-Балкан, по моделот на Софискиот самит во мај 2018, ќе се одржи за време на хрватското претседателство во текот на првите шест месеци од 2020 година.
 
Што се однесува до Турција, не се соопштуваат многу детали освен дека Турција останува земја кандидат и партнер на ЕУ.
 
Врвен приоритет за Букурешт, Хелсинки и Загреб ќе биде зајакнувањето на улогата на Европската Унија на меѓународната сцена.
 
Во приоритетите се вклучени и земјите од јужното и источното соседство на Унијата, со кои триото сака да ги зајакне политичките, економските, социјалните и културните врски, се најавува во програмата. Што се однесува до Русија, ЕУ ќе го задржи „обединетиот пристап“ заснован на принципи, предупредуваат земјите.
 
Миграцијата, трговската политика, хуманитарната политика, трансатлантските односи се исто така дел од целите на трите следните претседателства, со цел зајакнување на ЕУ на светската сцена.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.